Добредојдовте на aquaterra.mk Ве молиме внимателно прочитајте ги Општите услови за користење, Политиката за заштита на личните податоци и Политиката за испорака пред да започнете да ја користите интернет продавницата. Со користење на интернет продавницата aquaterra.mk и купувањето на производи значи дека се согласувате и се обврзувате кон истите. Доколку имате прашања слободно контактирајте не.
Авторско право, трговска марка и интелектуална сопственост
Сите материјали на оваа веб страница се во сопственост на Сити ЗОО Плус ДООЕЛ споственик на aquaterra.mk. Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на материјалите од оваа веб страница без изречена писмена дозвола од Сити ЗОО Плус ДООЕЛ е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност
Заштита на лични податоци
Заштитата на личните податоци на корисникот подетално e опишана во делот Политиката за заштита на личните податоци.
Купување преку aquaterra.mk
1. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ И ФОТОГРАФИИ
За сите производи кои се продаваат преку aquaterra.mk, направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Фотографиите ги прикажуваат вистинските производи и пакувања и истите се во сопственост на Сити ЗОО Плус ДООЕЛ Скопје.
2. ЦЕНИ
Сите цени на веб страната се изразени во денари и во нив се вклучени трошоците за производот и пакувањето. Трошоците за достава до домашна адреса се искажани посебно и зависат од времето и местото на достава, а во случај на акција/промоција истите може да бидат 0,00 денари, односно бесплатна достава.
Цените може да варираат во зависност од промените на цените на пазарот и набавните цени на производите.
3. ДОСТАПНОСТ
За сите производи кои се продаваат преку aquaterra.mk правиме обид постојано да ги имаме на залиха, но не гарантираме дека одреден производ секогаш ќе биде достапен.
Ве молиме имајте во предвид дека постои можност одредени производи да не се достапни во моментот на вашата нарачка. Во ваков случај, предлагаме замена на производот со најсличен по карактеристики од нарачаниот (со еднаква или поголема вредност) со ваша исклучителна согласнот. Во случај ако производот е платен,а не сакате заменски производ, финансиските средства ќе ви бидат рефундирани од страна на Сити ЗОО Плус ДООЕЛ.
4. ПОСТАПКА ЗА НАРАЧКА НА ПРОИЗВОД
Чекор 1: Одберете производ
Чекор 2: Одберете од дадените опции за големина на вреќата / хранилката / ременчето / куќичката
Чекор 3: Одберете количина
Чекор 4: Кликнете на копчето “Внеси во кошничка” и производот е внесен во вашата кошничка
Чекор 5: Проверете ја состојбата во вашата кошничка и ако е се во ред кликнете на копчето “кон плаќање” или ако сакате да продолжите да купувате и други производи кликнете на копчето “продолжи со купување”
Чекор 6: Внесете ваши податоци “Податоци за купувачот” . Ако купувачот е исто лице со примачот означете го полето “Примачот е ист со купувачот?” и податоците автоматски ке се пополнат кај примачот . Доколку примачот е друго лице внесете ги неговите податоци во полето ”Податоци за примачот”
Чекор 7: Одберете датум на кој сакате да се изврши испораката. Системот ви го дава како предлог, првиот можен датум за испорака во вашето место на живеење.
Чекор 8: Означете го полето “Се согласувам со условите и полтиките на купување” и кликнете на копчето “Купи”
Чекор 9: Внесете ги вашите податоци од платежната картичка за да може да се изврши плаќањето
Чекор 10: Откако ќе го извршите плаќањето ќе добиете порака “УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА” и потврда за вашата нарачка на вашиот емаил кој сте го оставиле за контакт.
*** Доколку не добиете потврда за “УСПЕШНА ТРАНСАКЦИЈА” значи дека имало проблем при нарачката и истата не е реализирана. Во овој случај проверете да не сте направиле пермутација на броевите при внесувањето на податоците од вашата платежна картичка, проверете ја состојбата на вашата платежна картичка и обидете се повторно да ја направите нараката. Доколку ви е потребна помош Ве молиме контактирајте не на следниот телефонски број 076/211-815 или емаил info@aquaterra.mk
5. ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето за вашата нарачка можете да го направите со:
Платежна картичка (MasterCard, Maestro, Visa, Diners Club) – Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска фактура на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт.
6. РЕКЛАМАЦИИ И ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ОД ИЗВРШЕНА ТРАНСАКЦИЈА
Нашата цел е да бидете комплетно задоволни со производите кои ги купувате од кај нас и правиме се да излеземе во пресрет на секое барање. Ако производот не е со добар рок или пак оштетен воопшто не го испраќаме или продаваме. Квалитетот е еден од нашите водечки вредности и ние со гордост стоиме позади тоа.
Доколку од било кои причини не сте задоволни од испорачаниот произвoд Ве молиме да ја пополните оваа kontakt форма, во текот на истиот ден кога е извршена испораката.
Откако ќе ја разгледаме вашата рекалмација, ако е одобрена ќе ви бидат рефундирани вашите средства или ќе ви биде испратен нов произовд.
Рефундирањето на уплатениот износ ќе го извршиме директно на платежната картичка, односно трансакциска сметка од која е извршена првичната нарачка во рок од 14 дена или порано.
7. РАБОТНО ВРЕМЕ
Понеделник – Петок: 09.00 – 17.00 h
8. ОДГОВОРНОСТИ НА Сити ЗОО Плус ДООЕЛ / aquaterra.mk
- Aquaterra.mk ги презема сите расположиви мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и корисниците би биле засегнати. Секој корисник се согласува да ја употребува оваа веб страница на сопствен ризик.
- Нашата цел е aquaterra.mk да биде достапен 100% од времето, меѓутоа може да се случи страницата да не е недостапна во одредени периоди поради било каква причина надвор од наша контрола. Во никој случај нема да сносиме никакви материјални или други последици доколку не сме во можност користењето на интернет продавницата да биде непречено или целосно без грешки.
- Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на информациите и заштитата на личните податоци кои ги обезбедуваат тие интернет страни. Сити ЗОО Плус не ги прегледува веб страниците на кои преку линк се стигнува до aquaterra.mk и не е одговорна за содржината на веб страниците кои упатуваат на нејзината веб страница.
- За технички ненамерни грешки, неправилен опис на производите кои би можеле да се појават на веб страницата, Сити ЗОО Плус не превзема одговорност. Доколку производот понуден и добиен од aquaterra.mk не е во согласност со описот, ваше право е да го вратите неоштетен и неупотребен (подетално опишано во Политика на враќање).
- Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика за заштита на личните податоци.
- Корисниците кои купуваат преку aquaterra.mk имаат можност да објавуваат искуства, забелешки и пофалби за производите или да објават коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или категоризирана како “spam”. Aquaterra.mk ќе ги отстрани сите пораки кои спаѓаат во горенаведените категории.
- Сити ЗОО Плус може да ги промени овие Услови на користење, политиките и општите одредби во било кое време. Сити ЗОО Плус го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира услуги или воведува услови за услугите на aquaterra.mk без претходно известување.
10. КАКО ДА НЕ КОНТАКТИРАТЕ
Сити ЗОО Плус ДООЕЛ
Бул. 3-та Македонска Бригада 48А, 1000 Скопје
Тел. 076/211-815
Електронска пошта: info@aquaterra.mk